9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: До 2028 година ќе ги затвориме јаглените централи, инвестираме во 2200 мегавати од обновливи извори

„Планот за затворање на јаглените и фосилните централи е димензиониран до 2028 година. Во зелениот план имаме отприлика 1600 мегавати од фотоволтаици и околу 600 мегавати од ветерници. Зборуваме за 2200 нови мегавати обновливи извори на енергија, а само за споредба двата блока на РЕК Битола се 350 мегавати“ кажа премиерот Зоран Заев во гостувањето на „Топ Тема“ на Телма ТВ.

„Го намалуваме ДДВ на струјата, бидејќи го либерализиравме пазарот на електрична енергија и сакаме да направиме меко спуштање, за цените да не влијаат драстично врз граѓаните. Се уште е пандемија, мора да водиме грижа за народот. Можевме парите од ДДВ да ги искорстиме за политички цели, но се откажавме од нив за да не порасне цената и да не биде удар за домаќинствата“ рече Заев.

Тој додаде дека пазарната вредност на електричанта енергија е повеќе од двојно повисока од цената која ја испорачуваат државните компании.

„Светот заради климатски промени има повеќе производство од обновливи извори на енергија, се затвораат јаглените и фосилните централи, а инвестициите во нови извори чинат пари“ рече Заев.

Спонзорирано: