22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Комбинација на две намирници ги уништува маснотиите и калориите: Ефикасно е само ако се пие во ОВА СПЕЦИФИЧНО ВРЕМЕ

Замислете ситуација кога јадете без да се лепат калориите што ги внесувате!

Домашните природни лекови ретко се комплицирани за подготовка, тие обично се комбинација од неколку достапни намирници, а нивните здравствени придобивки се многубројни. Една од нив е комбинација на грејпфрут и мед.

Покрај тоа што им помага на дебелите луѓе да се справат со вишокот килограми, овој домашен „лек“ силно се бори против хипертензија и болести на кардиоваскуларниот систем.

Имено, летото е веднаш зад аголот, па ако ви сметаат вишокот килограми, еве што треба прво да направите – набавете еден голем, зрел грејпфрут и мед. И двете од овие намирници имаат неверојатни лековити својства бидејќи содржат елементи кои се многу вредни за нашето здравје.

Патем, одамна е познато дека грејпфрутот е одличен сојузник на витката линија, скоро нема диета која го нема на менито. Грејпфрутот содржи пектин, кој помага ефикасно да се отстрани вишокот холестерол од телото, а исто така го нормализира метаболизмот. А, ликопен е најсилниот природен антиоксиданс кој го штити организмот од атеросклероза и кардиоваскуларни заболувања.

Опасноста со грејпфрутот е ако се претера. Ако го јадете цел ден, постои ризик да добиете чир. Затоа тука помага медот, чии лековити својства се широко познати. Тој е богат извор на витамини и минерали, а оваа комбинација е особено добра бидејќи медот ги елиминира киселините од грејпфрутот. Пијалокот од грејпфрут и мед може да го користат и луѓе кои имаат поблага форма на гастроинтестинални проблеми.

Еве како да ја направите оваа напивка:

Состојки:
1 голем зрел грејпфрут
1 лажица мед

Подготовка:
Многу е важно грејпфрутот да е ладен. Исечете го на половина и извадете ја содржината со лажица. Ставете го „месото“ од грејпфрутот и медот во блендер и добро исечкајте го. Пијте го овој пијалок половина час по оброкот секој ден. Пијте полека.

Овој сок ќе ви помогне да согорите скоро половина од калориите што сте ги внеле половина час порано.

Нутриционистите, пак, забележуваат дека тоа не значи дека можете да се прејадувате секој ден и да го неутрализирате ефектот со овој пијалок. Помага, но не е волшебно стапче, имајте го тоа на ум. Клучот за витка линија е урамнотежена исхрана.

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Каевски: Во ВМРО-ДПМНЕ самите се фатија со рацете во медот, Мицкоски да не се крие

M T

Заборавете на АЛКОХОЛОТ, ова е НАЈЛОШИОТ пијалок за вашиот црн дроб

M T

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

M T