23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Температурите ќе “скокнат” до 38 степени, но следува уште една недела со невреме проследено со дожд, грмежи, ветер и град

До вторник ќе биде претежно попладне нестабилно и локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, електрични празнења, засилен ветер и појава на град.

Нестабилноста ќе е изразена особено во текот на утрешниот ден.

Од вторник условите ќе се намалат но и понатаму понекаде ќе има услови за повремено пороен дожд и појава на грмежи претежно во попладневните часови.

За време на викендот долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер.

Прогноза за 20.06.2021
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 35°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7

Прогноза за 21.06.2021
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 37°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8

Прогноза за 22.06.2021
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. УВ=8