8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на средба со Ердоган во Турција

Претседателот Стево Пендаровски од денеска ќе престојува во работна посета на Турција по повод учеството на самитот на претседатели на држави и влади на членките на Процесот за соработка на земјите од Југоисточна Европа, што ќе се одржи во Анталија.

Предвидено е претседателот Пендаровски да има свое обраќање на самитот, а ќе има билатерална средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот ќе има средба и со потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Жозеп Борел.

В петок, 18 јуни, претседателот Пендаровски ќе учествува на дипломатскиот форум во Анталија, кој се одржува првпат со мотото: „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“. На форумот претседателот Пендаровски ќе говори на претседателската панел-дискусија на тема: „Како да ја зајакнеме регионалната солидарност во пресрет на научените лекции“.

В сабота, 19 јуни, Пендаровски во Истанбул ќе оствари средба со неговата сесветост Вартоломеј, архиепископ цариградски – нов Рим и вселенски патријарх.

Можеби ќе ве интересира

Славјанка Петровска се прости од Панчо Минов со емотивен статус: “Ме виде и ми рече ти само пишувај си, јас че ти кажувам кога црвено, кога зелено”

ДЕСК

ВНИМАВАЈТЕ НА ОВИЕ РАБОТИ ДОДЕКА ВОЗИТЕ: Полицијата ЗАСИЛЕНО ќе пишува казни од 6-ти до 12-ти октомври

ДЕСК

Полицијата апси возачи во алкохолизирана состојба – маж бил фатен со 3,02 промили алкохол во организмот

ДЕСК