8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Брисел: Ќе одам и во Софија, ги користам сите дипломатски канали

Премиерот Зоран Заев вели дека нема штета од посетата на Софија. Тој во изјава за Телма за време на Самитот на НАТО рече дека не очекува многу од посетата на Софија во текот на следната недела поради ситуацијата во Бугарија, но очекува двете страни да бидат мудри.

-Не смееме да ги креваме очекувањето заради тоа што сепак се работи за техничка Влада, услови во кои нема Парламент. И не очекувам нешто драматично да се случи, но многу е важно да правиме сѐ, рече Заев.

Вели дека за решавање на проблемот Македонија има поддршка од сите западни демократски држави. Но, вели, важно е да се знае дека тоа е билатерален проблем кој мора билатерално да се реши.

-Навистина имаме добра појдовна основа од португалскиот предлог. Навистина сме усогласени за секторската соработка од Патната карта или „Roadmap“. Дефинирани се точно услови за тоа колку интензивно ќе работи Историската комисија, а сето друго е адресирано во португалскиот предлог којшто за нас е добра основа. И за Бугарија е добра основа, така и го коментираат. Останува прашањето: „Што со техничката Влада и немањето Парламент во Бугарија?“, рече Заев додавајќи дека ќе се искористат сите дипломатски канали.

Побара европско лидерство од официјална Софија. Потенцира дека доколку на маса биде ставен јазикот нема да воопшто да се разговара, и за тоа биле информирани европските лидери.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК

Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

ДЕСК

Филипче: СДСМ има јасна прoграма за решенијата во Визбегово

ДЕСК