„Мрачни финансии“ нуди еден од првите етнографски извештаи за финансиската експанзија и нејзините политички влијанија во Источна Европа. Следејќи ги работниците, менаџерите и инвеститорите во македонскиот градежен сектор, професорот Фабио Матиоли покажува како финансирањето може да ги зајакне авторитарните режими – не со тоа што парите ќе бидат достапни за секого, туку дозволувајќи ѝ на мала група олигарси да го монополизираат пристапот до меѓународниот кредит и да промовираат каскада од експлоатациски односи со внатрешниот долг, се вели во анализатс на “Дојче Веле”.
Во книгата се наведува дека најважниот сојузник на Груевски е Сашо Мијалков и се осврнува на улогата на неговиот татко како претставник во странство на голема компанија.
-Јордан Мијалков е само еден од примерите, вели Матиоли (без оглед што почина рано) кои со дубиозни финансиски постапки на преминот од еден систем во друг успеаја во постоцијалистичкото време да го трасираат патот кон подоцнежните илиберални финансиски практики, пишува ДВ.
Матиоли нагласува дека по големиот бран на приватизацијата во 1990-тите години обилната меѓународна ликвидност на располагање за владата и домашниот недостиг на пари им овозможија на деловните субјекти да ѝ дозволат на македонската влада „да ја монополизира понудата на пари и да присили нелиберална политика врз деловните субјекти и физичките лица“. Потоа финансиите се испреплетоа со политиката.
-Македонија е пример како по еден лош договор авторитарниот режим се возеше на бранот на финансиска експанзија, а авторитарниот режим на Груевски и неговата мрежа на влијание преку финансиите се претвори во илиберална демократија, се вели во анализата.