Владата денеска се очекува на својата редовна седница да ги стави на маса предлозите на кризниот штаб за олабавување на мерките.
Она што е познато е дека денес Владата се очекува да го одобри скратувањето на полицискиот час кој ќе започнува во 23 наместо 21 часот и ќе трае до 5 часот наутро наредниот ден.
Со ова автоматски се продолжува и работното време на угостителските субјекти до 22 часот и 30 минути.
Рестораните и кафетериите ќе може да служат храна и пијалоци само на своите летни бавчи и тераси.
Доколку ваквата одлуа биде официјално донесена, истата, се очекува да почне да важи од среда (5. мај).
Ваквото олабавување на мерките се оправдува со фактот дека бројот на новозаразени е намален во изминатите недели, а болниците се ослободени од притисокот од нови пациенти.
Вчера беа регистрирани само 62 нови случаи од 572 тестирани, што е нешто повеќе од 10 отсто заразени во однос на тестирања. Сепак и натаму бројот на починати е висок, па така вчера беа регистрирани 25 починати лица.