Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фатен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во скопската општина Аеродром и избега од местото, поднесена пријава

На 08.11.2025 во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило „бмв 5“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило „алфа ромео“ со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.

Против него е поднесена прекршочна пријава по член 33 ( недозволена брзина), член 215 (напуштање на лице место) и член 228. (возење под дејство на алкохол-0,97 промили) од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тој е изнесен пред судија за прекршоци.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК