23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСТАВМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Стојко на крстопат: Да носи добри решенија како директор или да бара пет минути слава на Фејсбук?

коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА

Дајте да ги симнеме ракавиците и да си кажеме кои се мотивите на првиот меѓу пазарните инспектори, бидејќи се далеку од доменот на неговата работа, иако драмскиот заплет му е, се разбира, поврзан со „професионалните стандарди“. Однесувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски е, најблаго речено, чудно. Наизглед, како да не знае кои му се одговорностите и овластувања, па целосно ги занемари и со леснотија ја злоупотреби функцијата директор настапувајќи во јавноста како човек на кој му се итно неопходни пет минути слава на Фејсбук.

Пауновски добил 15 нови вработувања, независно од стратегијата К-5 за вистинско ангажирање на „рамковните“ во системот. И тоа е владина одлука. За таа одлука Пауновски не кажа ништо во својата „Фејсбук офанзива“. Веројатно само тој знае зошто реши преку ноќ да го измине патот од професионалец и директор на државна институција до некој што аматерски реагира на Владина одлука…

Ако сакаше да решава проблеми, што е одлика на успешен директор, требаше да ја спроведе владината одлука, бидејќи тоа му е задача, за тоа е платен од парите на граѓанките и граѓаните. Се разбира, никој не може да му го одрече правото да има свое мислење, но владини стратегии не се носат за да останат на хартија, туку да се спроведуваат. Тоа би било однесувањето на еден добар и успешен менаџер на институција. Медиумите и јавноста се тука да критикуваат или да пофалат.

Целиот коментар прочитајте го на овој ЛИНК.