27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Камчев оди во „Шутка“- одреден притвор од 30 дена

Определен е 30-дневен притвор за бизнисменот Орце Камчев. Според неговиот адвокатот утрово Камчев е притворен поради предлог на обвинител од Радовиш за кривично дело изборна измама, а сега добил 30 дневен притвор поради индиција на Агенцијата за национална безбедност дека ќе се дал во бегство.

Камчев е приведен утринава во Полициската станица Карпош. По приведувањето беше упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија по претходна постапка.

Наводно Камчев се подготувал за бегство, а информацијата за ваквиот обид до Обвинителството ја доставиле Агенцијата за национална безбедност.

Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај. Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра.