14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка во Скопје: Младо момче загина на лице место- има повредени

Во тешка сообраќајка помеѓу три возила на патот Скопје- ХЕЦ Козјак загинало младо момче, а уште неколку млади лица биле повредени од кои неколку се малолетни.

-На 13.03.2021 во 21,00 часот било пријавено дека на регионален пат Скопје- ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Скопје, патничко моторно возило “форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(30) од Скопје и патничко моторно возило “фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.К.(43) од Скопје, информираат од полицијата.

Според пријавеното на местото на незгодата починал возачот М.М, а со тешки телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото “опел корса“ Б.С.(24) од Скопје и малолетен сопатник од возилото “форд фокус“ констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Со телесни повреди се здобила Р.К. и сопатниците од истото возило Б.К.(31) и двајца малолетници констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Спонзорирано: