„Имаме доста пофални зборови за реформите во правосудството, но има и критики заради тоа што се алудира на зголемување на ефикасноста на транспарентноста на самите постапки. Еве, првиот најголем суд во Скопје, кривичниот суд, во 2020 година има решено 1500 предмети повеќе во споредба со 2019 година, иако 2020 е година на корона криза, кога имаше и ограничување во работењето на судовите, и ние тоа го јакнеме. Последен случај за јакнење на правосудството и дејствување за борбата против криминалот и корупцијата беше обидот за бегство на поранешниот шеф на тајните служи, Сашо Мијалков, кој што беше фатен, односно беше принуден да се предаде после 40 часа пуштен во бегство, но поучени од бегството на Никола Груевски институциите постапија, ги презедоа сите законски неопходни чекори така што тој беше принуден да се предаде, судот изрече казна од 12 години за незаконското прислушување и уништување на опремата на прислушување. Сето тоа го враќа она што значи доверба во системот на правосудството. Секако треба уште многу да работиме, има уште многу што да унапредиме, но со поголемата дигитализација и промена на човечкиот фактор со компјутер фактор, поголемата транспарентнот, поголемото истражувачкото новинарство…верувам дека сето тоа ќе придонесе да имаме тенденција кон 100% успешност над корупцијата, таа секаде постои секако и кај нас, постои и во Северна Македонија, но ние го имаме приматот во фокусот на нашето работење, а тоа е борба против криминалот и корупцијата и јакнење на владеење на правото во Р.Северна Македонија.“- изјави премиеро Зоран Заев, во интервјуто за емисијата „Пресинг“ на српската телевизија Н1.
Дополни дека Европската Унија во своите редовни извештаи ги нотира сите успеси во борбата против криминалот и корупцијата и во јакнењето на правосудството, независноста, ефикасноста и транспарентноста во правосудството
„Ние работиме со целосно отворен буџет, може секој граѓанин со еден клик да види секоја исплата што се прави од буџетот. Денес знаат граѓаните колку вода или кафе пие премиерот, министерот… има пристап во секој момент, но имаме уште многу што да работиме. Формиравме независни институции како Антикорупциска комисија, Државен завод за ревизија, го јакнеме Јавното Обвинителсво, исто и јавното судство во делот на независноста и ефикасноста во неговото работење и треба да продолжиме да работиме. Имаме периоди кога добиваме и негативни извештаи нормално, но ние учиме од нив.“- истакна Заев во интервјото за Н1.