24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев за N1: Му пишав на новиот поглавар на СПЦ за решевање на статусот на МПЦ, ние сме братски народи

„Искористив прилика да испратам писмо до српскиот патријарх и да честитам на изборот, секако и да посакам успех во раководењето со СПЦ, но ја користам и приликата на српскиот православен народ да му го честитам изборот на новиот патријарх и да посакам благосостојба, благопријатност и милост божја во сите негови аспирации како српски народ во делот на подобар живот, и секако повеќе среќа. Тогаш и побарав наклонетост во изнаоѓање на решение помеѓу црквите, ние сме православни народи и ние сме братски народи и дека можеме да најдеме решение. Се имаме обратено и до вселенскиот патријарх Вартоломеј, но еве доминанто гледаме надеж и решение токму преку дијалог помеѓу МПЦ и СПЦ, со конечна цел признавање на автокефалноста на МПЦ.“- истакна премиерот Зоран Заев, во интервјуто за српската телевизија N1.

Оптимизмот дека решение е можно Заев го поткрепи со одличните односи помеѓу двете држави, па затоа верува дека низ дијалог на црквите може да се дојде до него.

„Знаете дека СПЦ опстојува и функционира во Р.Северна Македонија, имаме доста граѓани од српската етничка заедница, православни христијани кои си одат по српските храмови. Ние сме подготвени целосно да ги сочуваме слободата за верска определба на граѓаните, но истовремено сум почитувач на секуларноста на карактерот и на С.Македонија и на Србија и ние политичарите може само да создадеме услови за да може нашите две цркви да разговараат и владиците да изнајдат решение.
Јас молам ова прашање да се реши затоа што постојат решенија, затоа сакав и преку тоа писмо да го замолам српскиот патријарх да посвети дел од своето време и внимание низ дијалог се најде решение. Затоа што сме многу блиски народи, братски народи и ова прашање мора да биде решено. Се надевам час поскоро ќе биде решено помеѓу црквите.“- изјави Заев во интервјуто за N1.

Спонзорирано: