Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Облачно со повремен дожд и снег

Времето денеска облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег. Поради продор на студена воздушна маса, во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па околу пладне снег ќе врне и на повисоките места, а во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места, особено во западните и северните делови.

Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места. Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер, особено по должина на Повардарието. Максималната температура нема многу да се разликува во однос на измерената утрово, ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. До крајот на денот и во делови од Скопската Котлина врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен, а од пладне засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде околу 6 степени, а во текот на денот ќе се намалува.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски и Филков намерно не ги испраќаат документите за Груевски – сценариото за бегството на полскиот министер од Будимпешта

ДЕСК

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

ДЕСК