14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Хрватска бара сезонски работници за претстојната туристичка сезона

И покрај големата неизвесност каква ќе биде оваа туристичка сезона, сите поголеми туристички компании во Хрватска почнаа да бараат сезонски работници.

Оваа година новост е укинувањето на квотите за странски работници. Тоа практично ќе биде под знак прашалник до последната минута, но подготовките за сезоната во однос на барање работници започнаа.

Ова беше потврдено за „Нови лист“ од Хрватската служба за вработување (ЦЕС), која во моментов ги интервјуира сите невработени лица за да ја испита нивната подготвеност за работа во текот на туристичката сезона.

„За жал, оваа година, поради епидемиолошките мерки, не сме во можност да организираме Денови на вработување во туризмот, но ќе им ја пружиме целата поддршка на работодавците за да им обезбедиме работници кои им се потребни“, велат од ЦЕС.

Можеби ќе ве интересира

Tessa Energy – новото поглавје во енергетиката

ДЕСК

Кина одговори на мерките на САД: специјални пристанишни такси за американските бродови

C +

A1 Net Protect постигна извонреден успех, спречени повеќе од 12 милиони сајбер закани само во септември

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.