25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Парламентарното мнозинство е стабилно, одлуката на ЛДП е нивно право, го почитуваме, но сметаме дека е несоодветен тајмингот

Заев: Парламентарното мнозинство е стабилно, одлуката на ЛДП е нивно право, го почитуваме, но сметаме дека е несоодветен тајмингот

Парламентраното мнозинство е стабилно, одлуката на ЛДП за самостоен настап е донесена уште при формирањето на владината коалиција, а причината за тоа е да имаат поголема видливост. Тоа е нивно прво, го почитуваме, но сметам дека сега не е најсоодветниот термин за тоа, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарски прашања.

Претседателот Заев додаде дека ваквиот потег на ЛДП создава простор за отворање на непотребни прашања во јавноста, може да се толкува како удар врз СДСМ, акцентирајќи дека може лесно да се провери колку тоа Христијан Мицкоски лаже дека имало ново парламентарно мнозинство.

– Во околности кога опозицијата тврди дека може да формира мнозинство, а власта тврди дека тоа апсолутно не е возможно, ваквиот исчекор од страна на ЛДП може да значи порака за повредување на коалицискиот или заедничкиот настап. Јас тврдам дека имаме одлична соработка. Исто така тврдам дека тоа не е потребно токму сега, можело да се почека 15 или 30 денови кога актуелноста на темата ќе помине. Не е вистински временски одмерено, може да се смета како удар врз СДСМ, иако е целосно нивно право и тоа го почитувам. ЛДП е посебна политичка партија која има свои органи и тела на одлучување. Во Собранието имаме целосен кворум од 62 пратеници, многу брзо време ќе го докажеме тоа дека мнозинството е стабилно а можеби и ќе имаме поголема поддршка, порача претседателот Заев.