Во полицијата во Групчин на 4 февруари, 28-годишниот А.Н. од село Палатица пријавил дека претходниот ден настанал пожар во објект во Палатица, сопственост на Ф.Р. (49) од Желино, кој објектот го имал дадено под закуп на двајца свои соселани.
Полицијата извршила увид на местото на настанот при што констатирано било дека пожарот настанал во автомеханичарска работилница, а потоа се проширил и кон соседната работилница при што делумно е оштетен објектот и опремата за работа од двете работилници, а од пожарот делумно се оштетени и четири возила: „опел астра“, „џип гранд чироки“, „сеат леон“ и „мерцедес“.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.