Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

257 казни за брзо возење на автопатот Куманово – Велес и скопската обиколница

Сообраќајната полиција на 2, 3, 4 и 5 февруари спровела засилена контрола за казнување на возењето со брзина поголема од дозволената на автопатот Куманово – Велес и обиколницата околу Скопје.

Како што информираат од МВР, при тоа санкционирани се 257 прекршоци. Пет возила се движеле со брзина од над 70 километри на час над дозволената, а 45 возила со 50 до 70 километри на час над дозволеното.

Од ресорното министерство нагласуваат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК ВО БРВЕНИЦА – Во недела втор круг од гласањето

ДЕСК