До недела ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините.
По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер.
Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во вторник.