Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вработени во МВР издавале возачки дозволи за пари, поднесени кривични пријави

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица вработени во Министерството за внатрешни работи – Одделение за управни работи Скопје кои за пари издавале возачки дозволи на лица кои немале положено воизачки испит. Како што се наведува, за еден од осомничените, поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. За деугите седуммина предложени се мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска повремено да се јавуваат во Основниот кривичен суд Скопје, како и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело.

Осомничените, искористувајќи ја својата службена положба и овластувањето, за повеќе граѓани креирале барања, спроведувале процедури и одобрувале изработка на возачки дозволи за Б-категорија иако барателите немале положено возачки испит и не стекнале право за поседување возачка дозвола.

Во исто време надлежниот јавен обвинител поведе постапка и против 31 друго лице, кои извршиле поттикнување при извршувањето на наведеното кривично дело, односно се јавувале како баратели на возачки дозволи иако немале положено возачки испит.​​

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК