9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР зо метео предупредување: Следуваат дождови, а од вторник поголем дел од Македонија ќе биде под снег

До понеделник, претежно во попладневните часови, ќе има врнежи во поголем дел од земјава. Врнежите ќе бидат од дожд со умерен интензитет и на места особено во западните делови ќе бидат пообилни (во недела понекаде над 25л/24часа).

На планините во западните делови ќе врне снег. Денес и особено во недела од вечерните часови во планинските западни делови повремен снег ќе има и на повисоките места. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен, а во понеделник западен ветер поизразен во западните делови.

Поради продор на студена воздушна маса преку ноќта кон вторник ќе настапи заладување со врнежи кои особено на западот ќе преминат во снег и на повисоките места.

Во западните делови на патиштата ќе има појава на замрзнат дожд и ќе започне да дува умерен до силен северен ветер. Во вторник ќе е ветровито и до крајот на денот врнежите ќе преминат во снег во поголемиот дел од земјата.

Можеби ќе ве интересира

Апсења на познати бизнисмени и екс директори во Битола – детали за новата истрага

ДЕСК

Реализирано првото гаѓање со новата артилериска опрема ,,Боран’’ на АП Криволак

ДЕСК

Бујар Османи најави предвремени парламентарни избори во март или април

ДЕСК