-Оваа пролет, институциите ќе спроведат попис од кој ќе се приберат точни и квалитетни податоци, потребни за носење издржани среднорочни и долгорочни политики и стратегии, велат од СДСМ.
– Законот за попис на населението кој е во собраниска процедура гарантира попис по сите светски стандарди и по сите прописи на Евростат, а обидите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да ја спречат оваа статистичка операција се злонамерни и деструктивни.
Државата, 19 години е без попис, токму поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, која не успеа да спроведе попис во 2011 година.
Разбирливо е дека Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по шест изборни порази, имаат страв од граѓаните, но не треба да се плашат, на пописот не се гласа, тоа не се избори, тоа е статистичка операција, во која нема губитници и победници.
Доста се неразумни блокади, кочења, поларизација, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема да спречат одржување на попис, се вели во соопштеието на СДСМ.