Фејсбук статус на Марјан Забрчанец:
Многу незгодна ситуација за домашните режимски поддржувачи. Ги игнорираа првите часови од насилството врз демократијата во САД, а откако се најдоа изолирани во својот радикален ќош, почнаа да релативизираат со пораките од типот “ехее ние што сѐ не сме поминале, нека не се жалат многу”.
Режимците кај нас се исти со радикалите кои упаднаа во Вашингтон. Исти насилни умови ги организираа и беа дел од случувањата на 27 април 2017 во македонското Собрание.
За среќа и на огромно задоволство на големото мнозинство граѓани и тука и во САД, демократијата, мирот, стабилноста и почитта ги победија злите сили на манипулацијата, насилството и ретроградноста.
Да живеат граѓаните и народите на САД и на Северна Македонија!