Под влијание на циклонска активност и влажна воздушна маса денес и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20л/м2).
Поради продор на постудена воздушна маса утре врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка.
Прогноза за 28.12.2020
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 5°C до 12°C
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.
Прогноза за 29.12.2020
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 15°C
Сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Прогноза за 30.12.2020
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот во западните делови ќе има повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.