Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Новоизбраниот претседател на САД Бајден во писмо до премиерот Заев: Очекувам интензивна соработка на прашања од интерес на двете земји и двата народа

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев прими писмо од новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден во кое се заблагодарува за честитките на премиерот Заев по повод изборот на Бајден за претседател на САД.

Новоизбраниот претседател Џозеф Бајден, во свое име и во име на потпретседателката Камила Харис, со благодарноста за честитките истакнува дека тој стапува на должност во услови на исклучително сериозни глобални предизвици – од коронавирусот до климатските промени – кои ги надминуваат државните граници и за кои е неопходна меѓународна соработка.

Во писмото, новоизбраниот претседател на САД Бајден пишува дека очекува интензивна соработка помеѓу него и премиерот Заев на овие и на други прашања од интерес на двете земји и двата народа.

Можеби ќе ве интересира

Власта го турка народот во должничко ропство – 260 милиони евра кредит, а ќе вратиме над 326 милиони, обвинува Левица

ДЕСК

Девојка од Прилеп претепана од неколку малолетници

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Наместо осуда, Венко Филипче молчи и соработува со негаторите на Македонија

ДЕСК