23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Македонската влада повторно е прва во регионот по отвореност, транспарентност и отчетност кон граѓаните

„Најавивме веќе и планираме тоа да го спроведеме во 2021 година, да се најдат начини медиумската писменост да стане дел од образовниот курикулум. Тоа е дел и од новата образовна реформа што се најавува и што е од интерес за јавноста. Ќе продолжиме да ја спроведуваме стратегијата за транспарентност. Еве, користам прилика за ЦИВИЛ, ексклузивна информација, дека и за мерењето за 2019, објавено пред неколку дена, регионалната иницијатива Action Southeast Europe ја става Северна Македонија, односно владата, извршната власт на Северна Македонија, на првото место по отвореност во споредба со земјите од регионот. Ние овој престиж го држиме уште од 2017, откако дојде до промена, политичка промена на власта.“- откри Марјан Забрчанец, Национален координатор за стратегиски комуникации, говорејќи на конференцијата „Перспективи 2021“ во организација на Цивил.

Истакна дека воопшто не е лесно неколку години по ред да се задржи првото место во однос на транспаретноста на институциите кон граѓаните.

„Северна Македонија од последна стигна на прво место по отвореноста. Се мери транспарентноста на владата, се мери достапноста, пристапноста. Имаме чест да бидеме први во регионот по транспарентност, отчетност и отвореност. И не е лесна задача да се задржува ова прво место и да се обезбедува таа активна транспарентност и понатаму.“- заврши Забрчанец.