Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Славјанка Петровска се прости од Панчо Минов со емотивен статус: “Ме виде и ми рече ти само пишувај си, јас че ти кажувам кога црвено, кога зелено”

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска се прости со емотивен фејсбук статус од Панчо Минов кој почина денеска.

– Во првиот мандат како пратеничка во 2020та, ми беше “комшија” седевме клупа до клупа во големата сала. Бевме на седница, дневниот ред беше со многу точки за гласање, а јас морав да завршам еден текст кој ми беше со рок. И се обидував и да следам седница и да пишувам. Ме виде и ми рече ти само пишувај си, јас че ти кажувам кога црвено, кога зелено. (Тогаш гласавме со картончиња во боја).

Многу често не засмеваше, но и знаеше да ни подели по некоја добронамерна критика и совет. Ми беше чест што го познавав и имав можност да соработуваме. Нека му е вечен споменот, напиша Петровска на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче за надзорната расправа за Алта банка: Сите кои биле вклучени ќе мора да одговорат пред граѓаните

ДЕСК

ДЕНЕСКА ДО 18 СТЕПЕНИ – Еве каде ќе има дожд, а каде сончеви периоди

ДЕСК

Претседателот на Уставниот суд на Австрија, потпретседателот и член на Венецијанската комисија говорници на Меѓународната конференција организирана од Уставен суд

ДЕСК