Centar.mk
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Претрес во Струмица, уапсено едно лице

Нa 07.10.2025 во 17:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода лице(30) од Струмица. Врз основа на судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени околу 300 грама марихуана, едно засадено стебло канабис, повеќе различни пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Како државотворна влада сè ќе сторам да најдам решение да се спасат вработените и доверителите на Алта банка, нема да банкротира како Еуростандард во време на СДСМ

ДЕСК

Филипче до Мицкоски: Што му кажа на Славески кога му нареди да дозволи влез на Алта банка?

ДЕСК

Стојаноски: Има официјална одлука од 2023 година со која владата на СДС дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка

ДЕСК