Додека Филипче спие, вакцини стигнаа во соседните земји и стартува вакцинацијата против корона, а во Македонија ни трага ни глас.
Во Македонија, Владата допрва ќе формирала комисија за директни преговори со фирмите производители на вакцини.
Македонија доцни со месеци зад другите земји во регионот, реагираат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
– Да го потсетиме Филипче како тече процесот во земјите од соседството. Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера се вакцинираше прва со што стартуваше вакцинацијата во Србија, Грција започнува со вакцинација на 27 декември, a првиот ден поред најавите во медиумите треба да се вакцинира и претседателката, Катерина Сакеларопулу. На 27 декември стратува вакцинацијата и во Хрватска, а деталите за вакцината и целиот процес ги презентираше премиерот Андреј Пленковиќ во вторникот на 22 декември.
Филипче и Заев, кога конечно ќе се охрабрите и да излезете со прецизни информации?
Вие треба да дадете многу детали како за набавка на вакцината, од кого, кога и колку ќе стигне во Македонија, и секако за самиот процес на вакцинирање како е организиран и кога ќе стартува.
Очигледно и двајцата не знаат, а зошто би се замарале со здравјето на граѓаните кога како и во многу други работи, па така и во ова гледаат очигледно простор за бизнис.
Филипче зборува за измени на Законот за јавни набавки, биле наводно неопходни за набавка.
А измените се во делот на плаќање на аванс поголем од 20 проценти и да не мора дистрибутерот да приложи приложи банкарска гаранција за учество на тендер. Во превод, ова се толкува вака, ќе може на тендерот да се јави и нова фирма за набавка на вакцините, без никаква историја на претходна работа, а за да ги набави истите ќе и плаќаат авансно или ќе работи со пари на државата, бидејќи нема да мора да приложи банкарска гаранција.
Филипче и Заев доста со малверзации и лажење на граѓаните, дури и сега, дури и за набавка на вакцини, велат од ВМРО ДПМНЕ.