23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николов: Изборите на 13 декември ќе бидат безбедни по здравјето, по победата се обврзувам – Штип останува во сигирни раце!

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип д-р Сашко Николов во директното онлајн обраќање вечерва, им се заблагодари на граѓаните за целата поддршка во изминатите три недели, за целата сила и енергија, бидејќи овие избори чија кампање се одвива преку медиуми, социјални мрежи, бидејќи ние покажавме дека сакаме да се грижиме за нашите граѓани, здравјето на граѓаните е пред се.

Изборите на 13 декември ќе бидат најбезбедни за здравјето на избирачките одбори за гласачите, ќе бидат избори за пример во целиот регион како во време на пандемија, на здравствена криза ќе избереме градоначалник, им порача Николов на граѓаните.

Во врска со сигналите дека од раководството на ВМРО-ДПМНЕ им се јавуваат на граѓаните и им се закануваат да не излегуваат на избори, со уцена дека ќе биле обележани, Николов порача:

-Драги мои Штипјани времето на Груевски, време на диктаторство, времето на таа матрица, заврши. Во 2016 година претседателот Зоран Заев со пенкало успеа, целата таа кула од карти на диктатура да ја сруши. Не се плашите дека некој ќе ви ја загрози безбедноста, фамилијата, работењето. Ние живееме во демократија, со демократска партија која на најдемократски начин обезбедува слобода на говор, медиуми, а пред се слобода на демократско избирање, затоа најслободно излезете на гласање и изберете го својот кандидат, меѓу кои сум и јас, порача Николов.

На 13 декември, гласајте за број 2. По победата на локалните избори се обврзувам дека Штип останува во сигурни раце, повика Николов.