22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Meteocentar со детална прогноза: Кога да очекуваме стабилизација на времето?

Во следните денови ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се зголемува висината на снежната покривка. По котлините ќе има појава на утринска магла. Во понеделник ќе дува засилен северен ветер. Стабилизирање на времето се очекува од вторник.

Прогноза за 12.12.2020
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 6°C до 12°C
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. По котлините ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

Прогноза за 13.12.2020
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 8°C до 13°C
Облачно со врнежи од дожд, особено попладне. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне вдолж Повардарието засилен северозападен ветер.

Прогноза за 14.12.2020
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.