Сега ќе бидам пристоен, ама ќе бидам и помалку дрзок! Кој е тој, по ѓаволите со мене, на Таравари Мицкоски да му се извинува за случувањата на 27-ми април 2017? Кој е тој, покрај што е градоначалник на Гостивар, да го прифаќа или не прифаќа извинувањето за крвавиот пуч во Собранието? На 27-ми април беше тепан, уништуван и раскрварен Суверенитетот на граѓаните на оваа држава. На 27-ми април 2017 година Заев и сите останати пратеници избегнаа – за влакно! – убиство.
Само затоа што го мразат Заев, прават коалиција со најголемата брука и несреќа во историјата на оваа земја. Повторувам, Таравари прави коалиција со најголемата брука и несреќа во историјата на оваа земја. Нему му се извинил Мицкоски, и што му рекол: жими мајка, ќе бидеме фини?! Од друга страна, на Села главата му ја искршија, го влечеа на патос како најбедно човечко битие, а овој уште и коалцира со нив.
Заев никогаш тоа нема да им го направи, секогаш со нив се однесуваше рамноправно, пријателски и човечки. Само апсолутните злобници тоа нема да го признаат.
Срамно, бедно, очајно за Таравари и Села. Да ви кажам искрено (а може ли поинаку?): во оваа проклета корона-криза некои работи излегоа на површина: одвратноста на Мицкоски и нивните комби-привезоци. Фуј!
Фејсбук статус на аналитичарот Ненад Јовановиќ