23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец за “Civil”: Да останеме посветени на демократијата, никој да не се осмели да ги гази граѓанските права

“Тоа се оние денови кога целата македонска демократска јавност им се радуваше и им даваше поддршка на студентите организирани во студентски пленуми. Се најдов во вистински момент на локација од која јас и неколку фото репортери имавме импресивен поглед. Фотографирав со телефонот, постирав на фејсбук и инстаграм и за неколку минути апликациите пријавуваа илјадници нотификации, споделувања, допаѓања.

Оваа фотографија остана да биде визуелен приказ за силата која даде силен придонес кон падот на авторитарниот режим на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Нека биде поттик и за иднината, да останеме секогаш посветени на демократскиот пат и никогаш никој да не се осмели да гази врз граѓанските права.”, изјави советникот на премиерот, Марјан Забрчанец за Civilmedia.mk.