23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Граѓаните да не се грижат, има пари за здравството

„Ова е непредвидливо време, и за нас и за целиот свет. Влезните инпути во буџетот се искористени максимално, секако со посебно внимание на здравствениот и економскиот аспект. Треба секоја криза да ја користиме како рестарт на македонската економија. Кризата е добра за планирање на хартија и за кроење стратегии. Има доволно пари за здравството, државата постои за граѓаните, да не се грижат за тоа. Ако не повеќе, барем првиот квартал од следната година ќе имаме здравствена криза, но ние сме тука. И стопанството да знае дека државата е тука, ќе даваме пари, да ги заштитиме работниците, да го заштитиме бизнисот. Буџетот мора да е солидарен, 90 милијарди денари се предвидени за социјалните трансфери оти сиромашните се најпогодени. Нашата порака е државата е тука да ви се најде и тоа ќе го оствариме“ – изјави премиерот Зоран Заев, во „Отворено студио“ на МТВ.