Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Од вторник голема промена на времето – Метеоцентар со детална четиридневна прогноза

Уште утре времето ќе биде суво со претпладневна магла по котлините, а преку денот сончево. Во вторник и среда ќе преовладува облачно време, од среда и постудено. Во вторник кон крајот на денот, во текот на ноќта кон среда и во среда ќе има повремени врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови.

Прогноза за 17.11.2020
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 16°C
Променливо облачно, претпладне со магла по одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.


Прогноза за 18.11.2020
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 8°C до 12°C
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови. Попладне на северот облачноста на места делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 19.11.2020
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен североисточен ветер. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК