Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Тепачи и напади врз медиуми, Македонија е под закана од режим– мора да ја одбраниме!

Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција најостро го осуди нападот врз медиумите и конкретниот медиум Инфомак каде во емисија во живо инцидент предизвика член на владејачката партија.

“Синоќешниот напад врз новинар и медиум е само почеток на заплашувањето. ВМРО-ДПМНЕ не може да дозволи пред избори народот да дознае дека ја издале Македонија. Во мое лично име, во името на моите колеги, во името на Социјал демократскиот сојуз на Македонија, во името на сите членови на СДСМ, НАЈОСТРО ГО ОСУДУВАМ НАПАДОТ ВРЗ МЕДИУМИТЕ, конкретниот медиум Инфомакс и врз вработените таму“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче ги повика и сите медиумски здруженија да застанат во одбрана на своите колеги, на правото на слобода на говор, на слободата на медиумите и на основните демократски начела за кои граѓаните на Македонија се изборија во 2016 година.

„Нема да дозволиме да нè вратат во медиумскиот мрак во кој живеевме 10 години под нивна власт, мрак кој денес го гледаме во Србија. Ги повикувам надлежните институции веднаш да се ослободат од стегите на ВМРО-ДПМНЕ и да почнат да си ја вршат својата работа. Извршителите и нарачателите мора да бидат изнесени пред лицето на правдата“, рече Филипче.

Филипче исто така на состанок ги повикувам сите релевантни политички партии, невладиниот сектор, граѓанското општество, студенти и угледни поединци за да ги договорат следните чекори на делување.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +