1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

По објавувањето на рекордната бројка новозаразени, се огласи премиерот Зоран Заев: Здравствените работници секојдневно несебично се борат да ги заштитат граѓаните од КОВИД-19 и спасуваат човечки животи – почитувајте ги мерките

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев, кој беше објавен откако беа објавени рекордните бројки на новозаразени:

Здравствените работници секојдневно несебично се борат да ги заштитат граѓаните од КОВИД-19 и спасуваат човечки животи. Она што најмалку можеме да го направиме, е да им помогнеме преку почитување на мерките за заштита од коронавирусот – да носиме маска 😷, да држиме 2 метри растојание ↔️, да не се групираме 👥❌ и редовно да ги миеме рацете 🤲🧼. #НосамМаска бидејќи ги почитувам здравствените работници!

Денеска беа регистрирани нови 1192 случаи на коронавирус во Македонија, а битката со опасниот вирус ја изгубиле 22 лица.

Од вечерва стапија на сила новите рестриктивни мерки, со кои угостителските објекти мора да затворат во 21 часот. Исто така по 21 часот е забрането и групирање на повеќе од 4 лица.

Казната за групирање по 21 часот изнесува 500 евра.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски вели дека во споредба плата-трошоци за живот, подобри сме од Грција, Португалија, Кипар, Унгарија…

ДЕСК

Голема полициска акција вечерва кај патарината кон Куманово, сообраќајот во колапс

ДЕСК

СВЕЖО И НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ И СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ, ОД ВТОРНИК ПРЕСВРТ – Метеоцентар со неколкудневна прогноза

ДЕСК