Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Пратеничката Славјанка Петровска објави дека тестот за коронавирус бил позитивен

– Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание. Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен, соопшти Славјанка Петровска, пратеничка од редовите на СДСМ.

– Изминативе денови имав ограничени движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска.
Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се, порача Петровска.

Можеби ќе ве интересира

Зимата „заборави“ да дојде: Денови со пролетни температури – временска прогноза до крајот на неделата

ДЕСК

Министерот Тошковски во Брисел: Македонија ја потврдува посветеноста во борбата против криумчарењето мигранти

ДЕСК

Исчезна 13-годишно девојче од Скопје – полицијата трага

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.