7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Фото)Министерот Спасовски доби орден за посебни заслуги за манастирот Претеча од прв ред со ликот на пречесниот Претеча

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски доби орден за посебни заслуги за манастирот Претеча од прв ред со ликот на пречесниот Претеча.

– Во годината кога манастирот „Свети Јован Бигорски“ прославува 1000 години од своето постоење, ми претставува огромно задоволство од Бигорскиот старец и игумен на Свештената Бигорска Обител, Епископ Антаниски г.Партениј да го примам овој орден за посебни заслуги и придонес за манастирот „Претеча“ од I ред со ликот на пречесниот Претеча, информираше Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Бигорскиот манастир е наш спомен над времето веќе десет века.

Тој е гордост на сите нас и поттик да создаваме дела, вредности и добрини кои ќе останат и после нас и ќе ги инспирираат младите и следните генерации да продолжат по нашиот пат, по добриот пат, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ЗАСТРЕЛАН НОСИТЕЛ НА КАНДИДАТСКА ЛИСТА ЗА СОВЕТНИЦИ: Пукање среде Куманово

ДЕСК

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК