23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анализа: СДСМ се демократизира, ВМРО-ДПМНЕ тапка во место

СДСМ на 25 октомври организира дигитален Конгрес на кој ќе биде даден отчет за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот 4 годишен мандат, даден од граѓаните.

Најавено е дека на Конгресот ќе се разговара и за измени и дополнувања на Статутот на партијата, за уште поголема демократизација, за зголемување на директната внатрепартиска демократија, зајакнување на положбата и учеството на жените и младите и процесите на одлучување.

Со предлог измените за прв пат во историјата на Република Северна Македонија СДСМ ќе спроведе директен и непосреден избор на Претседател на партија. Членовите лично ќе гласаат на слободни, непосредни, фер и демократски внатре-партиски избори.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ тапка во место и нема намера да организира партиски Конгрес иако дел од незадоволното членство на опозициската партија тоа отворено го бара.

Христијан Мицкоски бега од отчет пред своите сопартијци и пред граѓаните и по три порази во три последователни изборни циклуси, што укажува дека единствено е заинтересиран да си ја задржи функцијата и фотелјата во Белата палата./JS.