22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(ВИДЕО) Николовски: На 25 октомври прв дигитален Конгрес на СДСМ

Со задоволство највувам дека на 25 ти октомври, в недела, ќе се одржи дигитален конгрес на СДСМ. За прв пат во нашата земја, тоа ќе го направи најсилната, најдинамична и најотворена демократска партија – СДСМ. Согласно новата нормалност, се грижиме за здравјето на граѓаните, но и на делегатите, гостите, и медиумските работници, соопшти генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

На овој дигитален Конгрес ќе биде даден отчет за досега сработеното, со осврт на изборниот резултат, победата на парламентарните избори и визијата за следниот 4 годишен мандат, даден од граѓаните. Како современа партија која постојано се менува, ќе разговараме за измени и дополнувања на Статутот на СДСМ, за уште поголема демократизација на партијата, вели Николовски.

– За зголемување на директната внатрепартиска демократија, зајакнување на положбата и учеството на жените и младите и процесите на одлучување.

Етичка одговорност на сите членови на СДСМ, согласно највисоките меѓународни стандарди и практики, се наши заложби кои ќе ги канализираме на соодветен начин.

Со предлог измените за прв пат во историјата на Република Северна Македонија СДСМ ќе спроведе директен избор на Претседател на партија. Членовите лично ќе гласаат на слободни, непосредни, фер и демократски внатре-партиски избори.

Најавувам и други измени согласно меѓународните стандарди на социјал-демократијата како што доликува на една прогресивна партија како СДСМ.

Преку низа конкретни примери СДСМ покажа дека знае да се менува на подобро, во интерес на граѓаните, во интерес на државата, во интерес на демократијата.

Тој процес го продолжуваме заедно. Продолжуваме да работиме посветено за да биде уште подобро за сите.

Се гледамe на 25 октомври на првиот дигитален конгрес на СДСМ, потенцираше Николовски во своето онлајн обраќање.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T