6. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кај Трубарево се случил ужас: Во притвор е пијаниот возач што смртно повреди моторџија, а потоа прегази дете кое стоело на автобуската постојка

Судот определи 30-дневен притвор за 72-годишниот возач, кој вчера усмрти мопедист во Трубарево, а потоа повредил и 9-годишно дете.

Според информациите од Обвинителството во крвта на возачот била измерена содржина на алкохол од 1,78 промили и 2,43 промили во урината.

Возејќи брзо изгубил контрола и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот. Се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото кое го управувал удрил во мопедистот Идриз Ќеримовски.

Од ударот, мопиедистот паднал на коловозот, се здобил со тешки телесни повреди на кои им подлегнал на самото место и починал, велат од Обвинителството.

Возачот не застанал тука, туку продолжил со автомобилот да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот. Се качил на тротоарот и платото пред „Маркет Бренд“, каде со предниот дел од возилото удрил во автобуското стојалиште на ЈСП Скопје и во телото на 9-годишното дете кое стоело на автобуската станица.

Од ударот, детето се задобило со тешки телесни повреди.

Потоа, пијаниот возач продолжил да се движи по тротоарот каде удрил и соборил дрвена бандера, по што со возилото излегол лево надвор од коловозот каде што автомобилот запрел, информираат од Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Тешка сообраќајка во Скопје – има повреден

ДЕСК

Полицијата во акција: Апсења низ Скопје

ДЕСК

Добра вест: Маж кој исчезна во Скопје пронајден од страна на полициски службеници

ДЕСК