Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Билатерална средба Алиу–Мемишоглу: Постои можност за уште поинтензивна македонско-турска соработка во здравството

Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу.

– Имаме многу заеднички предизвици во здравството ,од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична за секој граѓанин. Убеден сум дека преку размена на експертиза и партнерства меѓу нашите институции можеме заеднички да градиме политики кои директно ќе значат подобар пристап и покавалитетни здравствени услуги за нашите граѓани“, рече на средбата министерот Алиу.

Република Турција беше една од земјите кои ја пружија својата поддршка за хоспитализација и третман на повредените лица од пожарот во Кочани.

Министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу изрази задоволство од добрата соработка меѓу двете пријателски земји, притоа нагласувајќи дека постојат уште многу можности за интензивирање на оваа соработка во повеќе здравствени сегменти.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК