Некогашниот сопственик на А1 Велија Рамковски за ТВ 24 вели дека со бомбите кои вчера се појавија на Јутјуб се докажува тоа што и претходно на сите им било јасно. Дека Груевски ја затвори телевизијата. Рамковски сега бара повторно судење.
„Овие бомби го покажаа тоа што целиот народ го знаеше, дека Груевски исплете мрежа, пајажина за затворањето на А1“. Во затворот, затворениците, службениците, полицајците, немаше некој на кого не му беше јасно дека сме затворени од Груевски. А целта беше, цел тој театар затворање на А1 и од овие раговори баш се гледа тоа негово оркестрирање на целиот тој случај. Јас се надевам дека во овие демократски услови, по падот на Груевски, бараме само повторно судење, чесно судење. Не велам виновен-невин. Сакаме повторно судење каде што ќе може да се види реалната причина за цел тој судски процес“, изјави Рамковски.
Вчера на Јутјуб каналот Fenix A1 беа објавени две нови „бомби“. Станува збор за телефонски разговори кои ја откриваат политичката позадина на случајот со затворањето на А1 Телевизија.
Во првата „бомба“ се слуша разговор за кој објавата на Јутјуб каналот тврди дека се води помеѓу тогашниот премиер Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска а во разговорот на интерфон учествува и тогашниот обвинител Љупчо Шврговски. Од разговорот кој се слуша се открива дека целта на случајот “Пајажина” не била да се наплатат парите кои наводно ги должи А1 Тв тука дека главна цел на таа операција била затворањето на тој медиум.
Според кажувањето на тогашната министерка Гордана Јанкуловска, Управата за јавни приходи немала за цел да го наплати долгот од 7 милиона евра кои според властите бил стакнат на основа на затајување данок туку дека целата операција се водела со цел да се угаси А1 Тв. Никола Груевски ја бара Гордана Јанкуловска за да ја праша зошто не се одземени пари од сметката на А1 Тв. Не е јасно од разговорот во кое својство Гордана Јанкуловска учествува во овој разговор со оглед на фактот што станува збор за проблематика која е надвор од најзините ингеренции како министер за внатрешни работи.
Втората „бомба” е разговор кој, како што се тврди на Јутјуб каналот, се води помеѓу новинарот Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски. Од разговорот се открива дека „странци” бараат објаснувања за случајот А1.
извор Новатв.мк