Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Портпаролот на СДСМ, Костадинов ќе донира компјутери за семејства кои не можат тоа да си го дозволат

Гледам Наум од ВМРО-ДПМНЕ ме прозвал на фб за фотографијата што сум ја објавил вчера.

Ја разбирам фрустрираноста на човек кој нема пријатели, нема со кого да сподели моменти, да прошета, да го помине слободното време…, вели Костадин Костадинов пратеник и портпарол на СДСМ на фејсбук.

– Имено, не можам да ставам во анкетен лист нешто што не е мое.

А кога сме кај справувањето со Ковид19, знае јавноста, срамота е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за тоа.

Како и да е, ова е убава прилика да соопштам дека како и до сега, ќе давам се од себе и ќе помагам на луѓето на кои помошта во овој тежок период им е најпотребна.

Лично ќе одвојам дел од мојата плата за набавка на 3 лап топ комплутери за семејства кои не можат тоа да си го дозволат.

Го повикувам и Наум, но и сите функционери во Северна Македонија, да се издигнеме над дневно партиските интереси и да помогнеме таму каде што е тоа најпотребно.

Време е за солидарност, време е да бидеме луѓе, наместо да се делиме на партии, етникуми, по вера, по боја…., вели Костадин Костадинов пратеник и портпарол на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК