Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Влада закажа седница за во 18 часот

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна, 8-ма седница, со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа седница на Владата ќе се разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии на седницата ќе се разгледа и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица.

Министерството за образование и наука за оваа седница на дневен ред ја постави на разгледување Предлог – програмата за изменување на програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2020 година.

Осмата седница на Владата е предвидено да започне во 18:00 часот.

Можеби ќе ве интересира

АПЕЛ ОД СВР СТРУМИЦА: Доколку се наоѓате во струмичката населба Софилар веднаш напуштете го тоа подрачје – настанат е пожар

ДЕСК

Апсење во познат локал во центарот на Скопје – Маж агресивно се однесувал кон полицајци

ДЕСК

Скопјанец со денови бил тепан од неговата сопруга во центарот на Скопје – Со неа бил во бракоразводна постапка, полицијата на нозе!

ДЕСК