22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Пrезентирани успешно преземените мерки за олеснување на трговијата ов услови на здравствеа криза

Активностите на Поткомитетот за царина и потекло во рамки на CEFTA[1], со кој оваа година претседава Царинската управа на Република Северна Македонија, вклучија организирање на денешната официјална посета на Граничниот премин Табановце, со високи претставници на CEFTA Секретаријатот, ЕУ Транспортната заедница  и Советот за регионална соработка.

Успешно формираните и добро организирани зелени коридори и приоритетните ленти за транспортот на прехранбени продукти и медицинска опрема во рамките на CEFTA, но и со земјите членки на ЕУ, уследија токму на иницијатива на Царинската управа на Република Северна Македонија.  Целта на денешниот настан беше да се констатираат заедничките успеси на овој план, со презентирање на начинот на нивното функционирање.

Забрзаниот проток на стоки овозможен преку отворањето на зелените коридори во вонредна состојба  и отворањето на дополнителни ленти се покажаа како успешен модел кој ќе продолжи да се применува и понатаму.

Претставниците на меѓународните организации (Емир Ѓикиќ-директор на CEFTA Секретаријатот[2], Матеј Закоњшек-директор на ЕУ Транспортна заедница[3], Мајлинда Брегу-генерален секретар на Советот за регионална соработка[4]), кои во придружба на Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа и Маринко Кочовски, помошник директор на Секторот за гранични работи и миграции во Министерството за внатрешни работи го посетија преминот, претстојуваат во Скопје за подготовки нa нови Повеќегодишни акциони планови за регионална економска област во Западен Балкан (Multi-annual Action Plan on regional Economic Area in the Western Balkans). Фокусот на оваа економска област останува на дигитално интегрирање, мобилност, трговија и инвестирање.

Царинските служби во регионот остануваат посветени на унапредување на економската соработка преку прифаќање на идејата за создавање на регионална економска област и ЕУ фондови за поддршка на инфраструктурата во овие земји.

Освен со принципот на функционирање на зелените коридори, претставниците на меѓународните организации се запознаа и со постапките на  One Stop Shop (контрола со само едно запирање), што се применува со соседна Република Србија од 26-ти август 2019 година, за забрзано одвивање на патниот и товарниот сообраќај, во согласност со одредбите на меѓународниот договор. Двете страни во континуитет се залагаат за унапредување и максимално искористување на предностите кои ги нуди ваквиот начин на работење,  максимално искористување на расположливите ленти, натамошно адаптирање на инфраструктурата на граничниот премин (кај товарниот сообраќај) и техничко дооекипирање.

На посетата присуствуваа и царински колеги  од Србија – Саша Миленковиќ, управник на Царинарница Ниш и Сенад Радончиќ, шеф на Царинската испостава Прешево.

Во рамки на денешната посета на Граничниот премин Табановце, се одржа и официјален состанок со високите претставници меѓународните организации и царинските колеги од Србија на кој исто така тема беа концептот на заеднички гранични контроли ONE STOP SHOP и зелените коридори. Се разговараше и како и понатаму да се развиваат и прошируваат зелените коридори, по можност и со земјите-членки на Европската Унија. Зелените коридори и силно регионално интегрирање и понатаму ќе бидат приоритет за Царинската управа и тие ќе бидат важен елемент во новиот Акциски план за Регионална економска област 2, што во ноември оваа година треба да бидат усвоени на Самитот во Скопје и Софија во рамки на Берлинскиот процес за Западен Балкан.

Царинската управа како претседавач на Поткомитетот за царина на ЦЕФТА, заедно со Секретаријатите на ЦЕФТА и Транспортната заедница и Регионалниот совет за соработка и понатаму ќе биде целосно посветена на интензивирање на соработката и подобрување на регионалната економска соработка.

Можеби ќе ве интересира

Пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со синтетички дроги

M T

Приведени 10 лица поради сомнение за криумчарење и неовластена трговија со прекурсори

M T

Бектеши: Година на надминување на пречки и важни чекори кон поефикасна трговија во регионот

M T

Коронавирусот и натаму коси, но во овие градови е најкритично

CENTAR MKD

Сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со културни добра, приведени осум лица (ВИДЕО)

M T

Вчера се аплицирани 14.615 вакцини

M T