Следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури. Во вторник и во среда, особено во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност и услови за појава на повремен дожд и ретки грмежи.
Прогноза за 22.09.2020
Минимална температура: 5°C до 15°C
Максимална температура: 25°С до 30°C
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Прогноза за 23.09.2020
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 30°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на повремен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Прогноза за 24.09.2020
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 24°C до 30°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.