24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Заев со одлична вест за лозарите: Ќе одвоиме дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:

Со конкретни мерки се грижиме за лозарите. 🍇

Ќе одвоиме дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка од средства обезбедени од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со КОВИД-19.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа ги извести нашите лозари дека на владиниот Економски совет договоривме дополнителна мерка за интервентен откуп на грозје, кое ќе биде преработено во вински дестилат и гроздов сок.

Остануваат да важат и претходно договорените 2 денари за вранецот и смедеревката, кои ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денари субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку Програмата за справување со кризата од КОВИД-19.

Посветени сме на тоа да реагираме веднаш и да преземаме чекори и мерки во интерес на лозарите, за да градиме партнерски однос и да креираме политики коишто ќе го унапредуваат земјоделието и стандардот на земјоделците.