5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Северна Македонија е граѓанска држава и слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници – Општество за сите

Патот во независноста во тој турбулентен воен период за нашиот дел од Европа воопшто не беше лесен, ниту пак извесен. Меѓутоа, огромното мнозинство граѓани тогаш застанаа заедно. Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и другите, го сочуваа мирот во земјата. Токму затоа, 8 Септември – Денот на независноста, останува запаметен и како ден кога се обединивме за да создаваме заеднички дом за сите, изјави премиерот Зоран Заев, на денешната прослава на 8-ми септември – денот на независноста на Македонија.

Првите години на нашата независност беа проследени и со драматични моменти и кризи. Таков беше и конфликтот од 2001 година, кој заврши со Охридскиот рамковен договор. Договор со кој, сите вклучени фактори со помош на меѓународната заедница, презедоа одговорност во име на заедничката иднина, вели Заев.

Денес, нашата држава има сосема извесна европска иднина со повеќе надеж, благосостојба и просперитет за сите нејзини граѓани ослободени од стравовите и предрасудите на минатото. Северна Македонија е граѓанска држава и слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници – Општество за сите, рече Зав.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +

Утре, сончево време, со локална појава на дожд и грмежи

C +